Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, по повод прославата на 60 години постоење на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија, ќе земе учество со одредска делегација во состав: Влатко Влахчев, Златко Ристов, Ангел Радевски и Димитар Јорданов. Прославата со која ќе се одбележи 60 роденденот на најстариот извиднички одред во Ниш се состои во два дела и тоа во петок на 26.10.2012 год. ќе има промоција на монографијата на извидничкиот одредот “Мија Станимировиќ“ – “Нашите 60 години“ , а во сабота на 27.10.2012 год. во театарот на куклите во Ниш ќе се одржи СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА.
Старешинството и Советот на водачи при извиднички одред “Димитар Влахов“ – од Велес на нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ му поскаува среќен 60 роденден и успех во годините кои следат.