Извидничкиот одред “Мирко Милески“ од Кичево, во соработка со општинските власти го добија свој дом. Старите простории на одредот се претворија во прекрасно извидничко катче. Со тоа извидништвото во Кичево ќе добие силен потсрек за успешна работа. Ние извидниците од Велес од извидничкиот одред “Димитар Влахов“, на нашите добри и драги пријатели им посакуваме успешна извидничка активност на територијата на Општина кичево. Со ова извидниците од Кичево предводени од нашиот брат извидник Чедомир Арсовски – Чедо, покажаа дека желбата и посветеноста за ширењето на скаутизмот е потребно само време, а се друго се наога и се доаѓа на свое место.
Успех во работата !!!