Изборното собрание на СИМ се прекина

Врз основа на Статутот на Сојуз на извидници на Македонија и Одлуката на Старешинството  на СИМ за свикување на седница на Собранието на СИМ, на 10.6.2012 год. (недела) во Домот на градежници во Скопје,  се организираше седница на редовно годишно – изборно  Собранието на Сојуз на извидици на Македонија. За работа на седницата на Собранието на СИМ, беше предложен следниот план за работа:

Процедурален дел

•    Отварање на Собранието
Б. Избор на работни тела на Собранието
– Работно Председателство
– Верификациона комисија
– Изборна комисија
A.    Извештај од работата на Верификационата комисија  
Б.  Воведен збор на Старешината на СИМ
B.    Усвојување на  Предлог Деловник за работа на Собранието

•    Работен дел
ДНЕВЕН РЕД:
1.    Годишен извештај за работата на СИМ во 2011 година.
2.    Финансиски извештај за работата на СИМ во 2011 година.
3.    Годишни (Описен и Финансов) извештаи од работатата на Извиднички Центар Охрид и ИЗВИДНИК дооел за 2011 година
4.    Извештај од Надзорен одбор
5.    Предлози за разрешување
А. Разрешување на Старешината на СИМ.
Б. Разрешување на претставниците во органите на СИМ од нерегистрираните одреди.
6.    Претставување и избор на кандидатите за членови на Старешинството на СИМ
А. Избор на Старешина на СИМ
Б. Избор на членови на Старешинство од испразнети мандати во Старешинството
В. Одлука за мандатен состав на Старешинството на СИМ до следно Годишно Собрание на СИМ
7.    Тековни прашања

По изгласувањето на промена на дел од предложениот Дневен ред, каде се симна точката за избор на  Старешина на СИМ, делегацијата од пет извиднци на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, ја напушти седницата во знак на протест. Инаку извиднички одред “Димитар Влахов“ врз основа на одлуките на старешинството на СИМ и неговиот конкурсот  за избор на старешина на  СИМ, нашиот одред предложи кандидат за старешина,  кои беше и единствен кандидат на ова изборно собрание. По симнувањето на точката,  делегацијата на извидниците од Велес, ја напуштија седницата, а со тоа Собранието на СИМ немаше кворум за работа. Собранието од самиот почеток работеше на границата на кворум.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.