На покана на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје, осум извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество на 39 меѓународен меморијал “Марко Граорковски“. Овој меморијал се одржа на терените на општина Петровец во Катлановска Брезица и тоа во периодот од 20-22 април оваа година. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари,прва помош. На овој мегународен меморијал учествуваа следните одреди и тоа: ИО “Илинден“, ПСИО, ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Галеб“ и ИО “ММ-Брицо“ од Скопје, ИО “Крсте Јон“ од Струга, ИО “Скаут“ од Куманово, ИО “Гоце Делчев“ од Св.Николе, ИО “Димитар Влахов“ од Велес и извидници од Република Србија. На овој меѓународен извиднички меморијал во категоријата извидници првото место го освоија извидниците од ИПО “Галеб“ од Скопје. Покрај ова имаше организирано и натпревари за помлади извидници.