Ден на дрвото, по осми пат !

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, со дваесет извидници зема учество на  осмата по ред акција “Ден на дрвото“. Акцијата се одржа на 23.11.2011 год. (среда) на терените на Велешко езеро, во месноста позната како ,,Кај трлата” и тоа под  “Садиме денес – пишуваме и праќаме писмо на мирот”. Велешани засадуваа на површина од седум  хектари багреми, јасен и јавор. Вкупниот број  на садници беше 15 илјади. Локацијата на која се садеше ја  одреди и подготви за зазеленување Ш.С Бабуна.  Локалната самоуправа како и во изминатите години   ги однесе граѓаните до местото каде се садеше и ги врати назад во Велес. Како најава на акцијата еден ден предходно во Градскиот парк садници  засади и Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов  заедно со неговото семејство. И овој пат извидниците од Велес покажаа дека се нај организирана младинска организација која што се грижи за здравјето на младите во Велес.

              

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.