Велешани предводени од Зелената коалиција ја извојуваа победата. Сите заедно се изборија и се уште ќе се борат за здрава животна средина. Им покажаа на сопствениците на Топилницата дека не се добредојдени тука. И нема да застанат тука, ќе го бранат Велес од сите оние што ќе помислат повторно да го уништуваат. Поддршка добија од сите добронамерни граѓани, политичари, спортисти, студенти, невладини организации. Во одбарана на градот застанаа и првите луѓе во државата, претседателот Иванов и премиерот Груевски.
„Се надевам дека сите ќе се согласиме во една работа, го затвораме најцрното поглавје во историјата на градот, поглавје во кое што имавме еколошка катастрофа и поглавје во кое што живеевме во една тешка неизвесност што ќе биде утре но и со нашите идни генерации”, рече Горан Петров, градоначалник на Велес. Институциите го слушнаа гласот на граѓаните. Препораката на Владата за дислокација на Топилницата е потврда дека животот и здравјето немаат цена. Сега на ред се институциите, поддршката да ја претворат во дело, сметаат зелените.
„Мислам дека тука е почетокот на крајот. Мислам дека после јавниот став на првите луѓе на државата не смееме да го криеме нашето задоволство. Ние сметаме дека победата доколку ја извојуваме ќе биде наша заедничка, но она
што е кажано на збор очекуваме да биде спроведено и на дело, рече Ненад Коциќ, Зелена коалиција. По препораката на Владата, да најдат нова локација за Топилницата од Метрудхем се уште молчат.
превземено од www.lisica.mk