Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, со цел да го поттикне граѓанскиот сектор на поголемо промовирање на волонтерство и добрите волонтерски практики и да даде свој придонес во рамки на Европската година на Волонтерите, организираше Тркалезна маса на тема „ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО ПРАКСА“. Целите на тркалезната маса е да ги собере волонтерите и луѓето од различните сектори кои работат во областа на волонтерството да се разгледаат состојбите и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и јавните институции во неговото поголемо афирмирање и да се споделат информации и искуства од спроведување на различни програми за волонтирање. Поканети учесници на овој настан беа претставници од граѓанските организации, координатори задолжени за волонтерски програми како и волонтери од Црвениот крст, здруженија на граѓани од Велес, волонтери од Мировниот корпус во Велес, волонтери од локални јавни институции и извидничкиот одред “Димитар Влахов“.
Тркалезната маса се одржа на 14 јули 2011 година (четврток) во салата на Фондацијата ФОКУС. Тркалзена маса „ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО ПРАКСА “ имаше презентација на програми за волонтирање од страна на преставниците на Центарот за регионален одржлив разој, Неготино, потоа г. Сем Расел волонтер од Мировен Корпус и г. Ангел Киров од ОО Црвен крст Велес . Волонтерството во пракса ја преставија г-а Јадранка Стефкова од Општина Велес, г. Анѓелче Гушев од ИО „Димитар Влахов“, Велес, г. Ане Пановски од ЗГ СПАСИТЕЛ, Велес, г. Љупчо Лепидовски од ДПД „ВИДРА“, Велес и г-а Марија Виларова од Фондација Фокус, Велес. На крајот се разви дискусија, препораки и беа презентирани заклучоци од тркалезната маса