На 28.11.2026 год. (сабота) претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Тони Јошевски, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и м-р Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на Вардрската регата Гемиџии 2027. После сите догвори и предлози, регатата во 2027година ќе заплови од Велес и ке завши во Солун.
Беше договорен и терминот за реализација на регатата која ќе се одржи од 17 до 21 јуни 2027 година. Во подготовките на Вардарската регата беше договорено дека останува истата програмска шема на движењето по реката Вардар во Република Грција и сите останати технички детали за истата. Следува уште една средба во периодот на месеците фебруари-март 2027 во Велес каде ќе се прецизираат сите детали на регата.
Домаќин на нашите пртеставници во Солун беше Василис Нтрианкос како еден од водечките лидери на солунските извидници и Комесарот за меѓународна соработка на Сојузот на извидници на Грција, г-дин Јанис Дрис . Средбата се одржа во поморската база Николаос Принзиос во Солун.



