Зум средба за консултации за приоритетите на повикот “Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“

На втората консултативна средба за утврдување на приоритетите на повикот на 27 ноември 2026 год. (петок), учество зема старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, м-р Ангелче  Гушев. Средбата се одржа он лајн преку ЗУМ апликацијата.

Механизмот на ЕУ за граѓанска отпорност (EU CRM) – Фаза II: Поддршка на граѓанското општество и граѓанските иницијативи е проект финансиран од Европската унија, кој ќе обезбедува директна поддршка на мали граѓански организации и граѓански иницијативи низ целата држава. На оваа ЗУМ средба се разгледуваа сите пет приоритеи и се предлагаа активности по дадени приорите. Старешината на нашиот одред предложи активности по следните приорите: Зелена и дигитална транзиција, Зајакнување на младите и активности за човекови права.

Проектот ќе им помага на граѓанските организации да создадат значајна промена во своите заедници, особено на оние што работат надвор од поголемите градови и им служат на луѓето кои честопати се оставени на маргините. EU CRM ќе објави повик за доставување предлози, “Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“. За таа цел, EU CRM ќе започне серија консултации со граѓанските организации за заеднички да се утврдат приоритетите на овој повик.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.