На 10.11.2026 год. (вторник) во Општина Велес за претставниците на невладините организации, здруженијата и фондации, културно уметничките друштва и спортските клубови се организираше Јавна трибина (расправа) по Предлог-програмите на Општина Велес за 2027 год.
Оваа јавна расправа ја водеше Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев кој во целост даде одговор и појаснувања на сите кои побараа објаснување за предлог одобрените финасиски средства по програмите. На оваа јавна расправа учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев




