Во периодот од 4 до 9 ноември 2026 год. (среда-понеделник) велешките извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Јорданов и Валентин Јанкуловски работеа на молерофарбарски зафати во извидничкиот центар Охрид. Избелени и офарбани се конференциската сала, сите бунгалови и направени се внатрешни корекции во сите апартмани. Демонтирани се сите пумпи и средена е фасадата на апартманите до конфренциската сала.
Со овие зафати извидничкиот центар Охрид е подготвен за следната сезна во 2027 година.
Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја покажуваат љубовта и поврзаноста со овој извиднички камп се со цел да се создадат повторно квалитетни услови за убав престој во ова извидничко летувалиште.










