Во периодот од 2.10 до 4.10.2026 година во Маврово,беше организиран тренинг за тренери на тема управување со животната средина. Во оваа организација беа вклучени членови од повеќе извиднички одреди: ИО “Феникс”-Прилеп,ИО “Мирко Милески”-Кичево,ИО “Пелистер”-Битола,ИО “Еквинос”-Штип,ИО “Методи Митевски”-Брицо”,ИПО “Крсте Јон“-Струга,исто така учествуваа и двајца наши членови: Анастасија Давчева и Стефан Несторовски од ИО “Димитар Влахов”-Велес.
Оваа организација беше организирана заедно со Организацијата за безбедност и соработка во европа(ОБСЕ).За време на овој тренинг, учесниците се запознаа со многу теми во врска со животната средина но и исто така тие учеа вештини како всушност да ги подобрат своите презентирачки способности.
Учесниците дел од денот присуствуваа на сесии кои што беа одржувани од страна на: Дино Релушкоски,Александра Димовска(ОБСЕ) и Елисавета Лукановска.Тие работеа во групи/тимови и тие сами пробаа да најдат некои решенија за општите проблеми во врска со животната средина.



