На 16-та седница на Советот на Општина Велес која се одржа на 2.10.2026 год. (петок) во просториите на Општина Велес во рамките на дневниот ред на седницата беше разгледан и наративниот и финасискиот извештај за реализација на XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“ реализирана од извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес.

Извештајот за реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ пред Советот на Општина Велес беше презентиран од страна на Старешенината на одредот, м-р Ангелче Гушев кој беше прифатен од страна на 21 советници за. Предходно Извештај за реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2026“ беше усвоен од страна на Комисијата за општествени дејности и Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој кој се одржаа на 1.10.2026 год.

Претседателите на споменатите на комисии се изјаснија максимално позитивно за доставениот наративен и финасиски извештај. Финасискиот извештај на Регата беше оценет како еден од најквалитетните докунети кои се доставени до Советот на Општина Велес и преку наративниот извештај се гледа целиот настан и поврзаноста со финасиите на регата.

Треба да се нагласи дека при разгледувањето на Извештајот за реализацијата на Вардарската регата Гемиџии 2026 год. беше истакнато дека регатата веќе е бренд на Општина Велес и една позитивна манифестација на град Велес. Организирање на регата како делегирана надлежност на Извидниднички одред “Димитар Влахов“ – Велес како организација која ја организира регата треба да започне да се организира од октомври 2026 за да биде запазени сите услови за нејзина реализација во 2027 год. со квалитет како оваа година.

Беше презентирано и дека од идејатаоваа регата прерасна во реалност да по терти пат Вардарска регата заврши во Солун и после 123 година и дека се оствари вековниот сон да Гемијата повторно пристигне во Солун. Советот на Општина Велес во целост беше запознат со активностите кои беа превземени во делот на реализацијата на регата Велес – Солун.

