Вардарска регата “Гемиџии 2011“

На последната седница на координативното тело на Вардарската регата “Гемиџии 2011“  одржана на 26.4.2011 год. (вторник) , се донесе одлука за организирање на овогодинешната вердарска регата. Координативното тело е составено од: Себо Шаќиров кооринатор на  регатата, Ангелче Гушев задолжен за логорување и престој во природа, Сашко Тодоров задолжен за пловидба, Александар Бузалков од центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Лазар Лазаровски задолжени за медиуми и информирање. Координативното тело го изготви и усвои главниот елаборат со вклучен буџет за регатата, а сега е во фаза на формирање на Организациониот одбор.
Овогодинешната регата која е XII по ред ке биде финасирана од страна на Градоначалникот и Локалната самоуправа на Велес. Се планира оваа регата да биде од мегународен карактер, а истата ќе се одржи во периодот од 30.6 1-3.7.2011 год. 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.