Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва.
Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе од двеста учесници бевме сместени на терените на Борачко езеро во близина на градот Коњиц.
Треба да се нагласи дека оваа рафтинг манифестација беше прекрасно организирана на прекрасно еколошки зачуваната река Неретва. На самото отварање во името на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како организатор на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 на учесниците од РК “Тузлак“ од Тузла им беа доделени Благодарници за учеството на XXVI Вардарска регата “Гемиџии“.
На споменатата регата учествуваа рафтери од републиките Хрватска, Црна гора, Србија, Босна и Херцеговина и ние од Република Македонија.
Пријателството продолжува и понатаму.







