На 9.6.2026 год. (вторник) се одржа работилницата во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој е поддржан од Expertise France, а се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со Здружението за одржлив развој Милеуконтакт Македонија (МКМ), Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија.
Работилницата беше наменета за членови на локални заедници, граѓански организации, млади и сите заинтересирани граѓани и институции од општините од Вардарски плански регион (Свети Николе, Кавадарци, Велес, Неготино, Градско, Росоман, Чашка, Демир Капија, Лозово), кои сакаат активно да се вклучат во процесите на креирање мислење и донесување на одлуки за прашања поврзани со животната средина.
Проектот има за цел да ги охрабри и поддржи граѓаните и институциите поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, како и подобро да ги користат правните механизми за заштита на своите права.
Преку практични примери и интерактивна дискусија, се имаше можност да се запознаат со:
• механизмите за вклученост на јавноста
• правата и законските можности за заштита на животната средина
• начини за покренување иницијативи и застапување на локални еколошки прашања
Настанот овозможи простор за размена на искуства, идеи и заедничко креирање стратегии за подобра и поздрава животна средина. На оваа работилница од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учество зема старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев




