На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија.
На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да ја даде Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 при пловењето кон Солун. Воедно претставниците на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес присуствуваа и на редовни програмски активности на членовите на Првата извидничка чета на Поликастро.
Беа договорени сите наредни активности и меѓусебни посети од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски и Иван Гушев.



