Младите немаат доверба во локалните власти

Младите се сомневаат во локалните власти и сметаат дека политиката не треба да биде на првото место. За 50 проценти од анкетираните средношколци  гласањето на изборите не е  приоритет.  Ова се дел од резултатите од анкетата што ја спроведе Младинскиот Образовен Форум ,врз репрезентативен примерок од 3607 млади граѓани од земјата. Во Велес испитани биле 280 ученици. Половината од нив не гледаат иднина во земјава.

„Велес е помеѓу трите градови во државата каде младите во најголем процент ,речиси половина одговориле дека сакаат да на напуштат земјата. Тоа е алармантно и затоа треба да се работи на тоа поле", вели Дејан Ристов локален клуб на млади при фондација ФОКУС.

Истражувањето на Младинскиот Образовен Форум е спроведено во пет области: доверба во институции, социјална вклученост, граѓанско учество, образование и воншколски активности.  Резултатите покажале дека младите сметаат дека треба повеќе да се слушне нивниот глас, а се истакнува  сомнежот и недовербата кон институциите и пред се кон политичарите. 

„Ние денеска освен што ќе ги презентираме овие резултати ,ќе понудиме и конкретни решенија како да се реагира за да се постигне подолема доверба во институциите и вклученост на младите во општествените процеси. Дел од тие решенија се однесуваат и на невладиниот сектор ,а дел и за Агенцијата за млади и спорт", вели Мартин Галевски МОФ. 

Од Младинскиот Образовен Форум како позитивно ја оценија вклученоста на општина Велес во огранизацијата на денешната трибина, како  чекор кон приближување на младите со локалните власти.

На оваа трибина од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваа петмина извидници. Трибината се одржа во големата сала на општина Велес на 24.3.2011 год.

 

 

Превземено од www.lisica.mk 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.