Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес извршија анкетирање на корисниците на транспортната инфраструктура на коридорот 10 за потребите на проектот: Развој на транзитен и алтернативен туризам во Вардарскиот Плански Регион. Местата на анкетирањето на транзитните патници беа: патарина Сопот, патарина Отовица и хотел Македонија во близина на с. Каласлари. Во продолжение неколку фотографии од работата на терен …