Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со општините од Вардарскиот регион, ја организираа првата работилница, по повод имплементацијата на проектот: “Развој на транзитниот и алтернативниот туризам во Вардарскиот регион-Фаза 1”-Проектна задача 5 “Изработка на Стратегија за промоција и маркетинг на Вардарски плански регион”. Работилницата се одржа на 23.03.2011 година (среда) во хотел Монтенегро Ревијера-Велес. Работилницата имаше за цел: идентификација на приоритети за промоција и маркетинг на туристичките потенцијали на Вардарскиот регион, дефинирање на стратешки цели за секоја приоритетна област, дефинирање на активности за стратшките цели за секоја приоритетка област. На оваа работилница беше поканет и извидничкиот одред “Димитар Влахов“, учество земаа Благој Ѓорчевски и Никола Аксентиев. Присутните на трибината беа поздравени и од раководителот на центарот за развој на Вардарски плански регион Александар Бузалков.