Почитувани брака извидници, еве ме пак, еве со некој нови мои ставови и мислење за состојбите во СИМ кои воопшто не се розови. Ништо не се случува, ништо програмски не се реализира, Основната програма, вештарствата и категориите станаа утопија, се нема визија за развојот на извидништвото во Македонија. Имиџот на најстарата младинска организација отиде скрос настрана отиде во неповрат. Новопечени младински НВОи (од типот на Младински Образовен Форум, Коалиција СЕГА) на големо работат со Владата, со државните институции, со основните и средни училишта, со факултетите, со фондациите во РМ (организации кои имаат години на постоење помалку од еден добар водач во СИМ). А ние каде сме (мислам на СИМ) ?????
Старешината го нема, Бирото на СИМ не постои, Генералниот секретар не знае што да работи оти нема кој да му каже , Началникот на СИМ испрака луге по семинари кои немаат хиерархиско поставување во системот на образование на СИМ, Начлникот на СИМ организира тренинг за тренери кои што во овој момент не ни се потребни од таков вид (а се претставува како некаков вид на ИНСТРУКТОРСКА ШКОЛА, а тоа е затоа што немаме БИРО на СИМ со комесари по ресори, Стратегија за обука на кадри, Стратегија за развој на извидништвото, немаме ништо… Затоа што немаме лидер кои што ке застане во надминување на овие ТРУЛИ состојби. А додека на другара страна имаме само СТАТУТ кој буквално вели 15.000 денари или СУСПЕНЗИЈА и надвор од СИМ !!!
Сакавме старешина – стопанственик (а не извидник) кои ке донесе пари во организацијата. Но и од тоа ништо, па затоа сега Старешинството на СИМ препорачува до одредите и носи препораки до одредите да платат што поскоро чланарина за да се подмират дел од тековните трошоците на канцеларијата на СИМ !!!
Па за тоа ли ни требаше старешина стопанственик или бизнисмен ??? Работната група за спас на СИМ, ни го преставуваше изборот на старешина како консензуален (но сепак тој имаше 8 гласа против од 32 делегати) што значи уште на старт дел од членовите на Собранието имале став дека Старешината на СИМ не го БИВА.
На анкетата на сајтот на ИО Димитар Влахов која што беше поставена точно 30 дена и тоа од 4.11 до 4.12.2010 своето мислење го дале 68 посетители од кои што на понуденото прашањето “Дали сте задоволни од работата на Старешината на СИМ” негативно се изјасниле 55 (збир од поудените одговори: ЈОК, НЕ, ИЧ, ПО МАЛКУ) а додека 13 (збир од поудените одговори: ДА, ПО МОГУ) посетители на сајтот се изласниле позитивно. Или како што во сите анкети анлитички негативно се изјасниле 81 % посетители не се задоволни од работата на старешината на СИМ, а додека пак само 19 % се задовлни од работата на старешината на СИМ, г-дин Злате Митков.
Епа господине старешина, нешто не ви штима во работата на СИМ, а тоа е што други ви ја водат организацијата…. лоби групи, началник, генерален секретар кои незнае што да работи…. Почитувани извидници доага собрание на СИМ изсјаснете се дали сакаме ваков старешина, ваков началник, вакви институции во СИМ ? Дали сакаме вака квалификувани институции да не водат ? Дали ке им дадеме право да одлучуваат во наше име ! Не ја знаат работата дефинитивно !
Дефинитивно во авионот наречен СИМ нема пилот !

Поздрав и секое добро,
Искрено Ваш
проф. Ангелче Гушев – ГУШЕ
Инструктор од втор степен во СИМ
Искрено Ваш
проф. Ангелче Гушев – ГУШЕ
Инструктор од втор степен во СИМ
*) Горе наведените ставови и мислења се мислења на авторот и истите не ги рефлектираат ставовите и мислењата на старешинството на ИО Димитар Влахов од Велес