Во рамките на пректот “Кодекс на природата“ се изработи и истоимениот едукативен материја кои ќе помогне во решавање на еколошките проблеми, а тоа е брошурата “Кодекс на природата“ со следните теми: Основни поими и дефиниции на екологија, Науката и природата, Кодекс на природата, Нашата заедница, Животот на отворено, Пешачка авантура, Престој во природа, Науката и природата, Чувај и заштити ја реката, Активно учество во унапредувањето на човековата средина, Животните се во опасност, Твојата градина, Исчисти парцела (присвојте си парче земја), Твојата заедница, Посадете дрво и цевеќе, Грижете се за птиците и Пластика и стиропор. Автор на овој материјал е старешината на извиднички одред “Димитар Вкахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев. Брошурата е финасирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.