На 23.06.2024 (недела), по повод ден на градот Поликастро, “Првиот Извиднички Одред од Поликастро” за прв пат учествуваше на настаните на „ПОЛИКАСТРАНИТЕ“, а воедно за време на XXIV-тата Вардардска Регата “Гемиџии”, извидници Никола Аксентијев и Александар Вренцовски од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, присустуваа на овој настан.
Преку изложбата на извиднички фотографии и сувенири на “Првиот Извиднички Одред од Поликастро”, многумина од граѓаните на Поликастро патуваа назад во времето, се потсетија на извиднички приказни, стари пријатели и незаборавни кампувања.
“Првиот Извиднички Одред од Поликастро” организираа отворен ден за децата, каде што преку игри и многу активнотисти го претставува извидничкото движење и извидничките песни.
За жал, топлите временски услови и нашите обврски како организатори на Вардарската регата не ни дозволија максимално да учестувавме во активностите на грчките извидници, но тие беа отворени кон понатамошна соработка во која се дискутираше, развивање и негување на извидничкото движење меѓу нашите два ордери, во најскоро можно време.
Сакаме искрено да им се заблагодариме на “Првиот Извиднички Одред од Поликастро”, за помошта и поддршката што ни ја пружија за време на престојот на Вардарската Регата – “Гемиџии” во близина на областа Евзони како прва појдовна точка на пловидба кон Солун.