На 28.4.2024 год. (недела) беше одбележана 121 годишнината од Солунските атентати реализирани од Гемиџиите.
По тој повод Градоначалникот Марко Колев, претседателот на Советот Зоран Љутков со членови на Советот на Општина Велес, членови на семејствата на Гемиџиите, локални институции и претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и на политичките партии положија свежо цвеќе на споменикот на Гемиџиите.
Одредската делегација ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Кристијан Јорданов, Ненад Андреевски и Катерина Гушева.
Да се биде од Велес, значи да се расте слушајќи за Гемиџиите. Длабоко во нас е вкоренета нивната саможртва, како пример за љубов кон татковината. Денес се потсетуваме на солунските атентатори и се гордееме со нивната големина. 121 години подоцна нивното дело се уште жубори во нас и не задолжува да продолжиме со нивниот аманет.
Во нивна чест, Општина Велес ја обнови спомен- плочата на која се испишани нивните имиња, како пркос кон денешнината која неретко не притиска. Не штедејќи се себеси да љубиме, да работиме, да се бориме.
Не штедејќи се себеси да се арчиме за Македонија!
Слава им! Да живее Република Македонија!