На 25.3.2024 год. (понеделник) во просториите на Европската куќа во Велес се одржа средба со организациите од Велес кои беа вклучени во ЦРМ проектот. Почетокот на средбата го отвори Бен Нупнау , заменик шеф на делегацијата на ЕУ
На оваа средба учество земаа следните претставници
- м-р Ангелче Гушев, извиднички одред “Димитар Влахов“
- Далиборка Златева, Здружение на лица со церебрална парализа
- Оливера Трајковска, Организација на жени – Велес
- Убавка Јаневска, Фондација Фокус
На оваа средба беа потенцирани клучните работи детали од реализација на проектите во рамките на оваа програма и тоа:
– Фокус на работа која што беше спроведена во рамките на проектот, полето на кое се работеше, која бече состојбата во специфично поле на работења на организација, искуствата и резултати
– Кои се резултати се постигна и кои беа промените во нашата локална средина
– Придобивките од ЦРМ проектот и практичните придобивки од помошта на ЕУ во различни полиња.
Во име на проектниот тим на „Иднината сум и јас“ на Фондација за локален развој и демократија Убавка Јаневска заедно со Ангелче Гушев координатор на проектот „Регионална мрежа, развиена од од младите за млади, обединети во обновување на мостови и генерирање на партнерства“ на Извиднички одред „Димитар Влахов“ , Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености и координаторка на проектот „Еднаквост за сите“ како и Оливера Ефтимовска од Организација на жени на Општина Велес беа првите учесници на настанот “Успешни приказни и искуства: Иницијативите на граѓанското општество ја јакнат граѓанската отпорност во локалните заедници” на кој ги споделија искуствата од реализацијата на активностите и постигнатите резултати. Изборот го направи Делегацијата на ЕУ.
На средбата Јаневска, Гушев, Златева и Ефтимовска ги споделија успешно спроведените активности и постигнати проектни резултати. Во исто време учествуваа во дебата за приоритети кои би можеле да се спроведат во наредни проекти чија цел е подигнување на квалитетот на живот во локалната заедница преку иницијативи за младите Велешани, за жените и за испорака на поквалитетни услуги на лицата со посебни потреби или болни од церебрална парализа.
Ова беше прва средба со грантисти и започна токму од Велес. Средбата беше дел од активностите во рамките на проектот “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) и се одржа во Европска куќа Велес.
Со поддршка на оваа програма беа спроведени 49 проектни иницијативи од граѓанското општество во сите планински региони во текот на 2023 и 2024 година.
Oваа средба е дел од активностите во рамките на проектот “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), проект финанциран од ЕУ