На 18.3.2024 год. (понеделник) во просториите на Иновативниот Хаб Фондацијата Импакт Нет започна со реализација на когрантиран проект со наслов XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
На темата “Младите и природата“ на подкастот на младите генерации XYZ гостин беше старешинаната на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, м-р Ангелче Гушев. Во дваесет минутниот разговор беа опфатени теми за животот во природа, извидништвото во Велес, програмските активности на извиднците, пловењето по Вардар и развојот на младите во извидничката организација.
Помладите генерации XYZ имаат многу прашања и во подкасти на интересни актуелни теми, од интересни гости заедно ќе побараме одговори. Помладите со себе ја носат пораката за зелена иднина и потребата од активна имплементација на Зелениот Договор на ЕУ и во нашата држава!Младите зелени амбасадори ќе придонесат погласно да се слушне за трансформативните зелени практики и потребата од поголеми заложби за поголема грижа за животната средина! Проектот е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените.