На 24.02.2024год. (сабота) во Штип се одржа централната прослава за денот на извидниците. На прославата учествуваа повеќе од 400 извидници од цела Македонија. За помладите категории имаше огранизирана ориентациона стаза чија цел беше одредските екипи да ги посетат и да се запознаат знаменитостите на градот Штип.
На контролните точки беа следните активности: качување на вештачка карпа, посета на музејот за Кирo Глигоров, посета на младинскиот центатр MladiHub, презентација за алпинизам.
Во пресрет со централната прослава, истовремено се одржа крводарителска акција и изложба за историјата на извидништвото во Македонија и во Штип. Од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ земаа учество 13 членови.