Зелената коалиција денеска како што вети ги соопшти резултатите од донаторската акција. Со граѓаните на Велес заедно собраа 78 750 денари. Сума која е доволна, заедно со парите на општина Велес, да се плати вештачењето и да да продолжи судскиот спор против Државата. Претставниците на сите седум невладини организации изразија голема почит кон граѓаните кои масовно се одзваа на акцијата и несебично застанаа на страната на здравата животна средина.
„Најмногу пари се собраа од граѓаните кои донираа во касичките. Тоа е сума од 41 150 денари. Од телефонските јавувања собрани се 13 466 денари, а помош секако имавме од многу правни и физички лица кои донираа на жиросметка при што мораме да ја спомнеме К-15 со најголема донација од 300 евра.

Овие пари треба да легнат на сметка на фирмата Геобиро која треба да ги утврди мерките и границите на загадените парцели со тешки метали олово ,цинк и кадмиум.
„Овие пари се за да се разграничат парцелите. Фирмата која е задолжена за тоа мислиме дека ќе работи сигурно цело лето и очекуваме судскиот спор да продолжи на есен", вели Игор Смилев од Зелента коалиција.

“Ова немаше да успее ако не се вклучија и новинарите, претставниците на седмата сила“ вели Ангелче Гушев од Зелената коалиција.
Од Зелената коалиција денеска ги информирале надлежните во општина Велес за успешноста на акцијата и воедно побалале да си го платат нивниот дел или 1/8 од вкупните трошоци.