Среќна Нова 2024

Почитувани,
годината која што заминува беше година во која ги прославивме 70 роденден на нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, го добивме највисокото општинско признание Благодарницата – 9ти Ноември … учествуваме на 10 Брѓански средби. Во оваа 2023 година ги одработиме 37 Средби на извидници, повторно четири дена пловевме со XXIII Вардарската рега “Гемиџии“ но создадовме и уште една извидничка рафтинг регата. Се дружевме со извидниците од Велс , учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори, трети … учествуваме на прославата по повод 70 години од формирањето на Сојуз на извидници на Македонија, како одред се вклучивме во проектните активности на Боренка, купивме нова камперска опрема и нов гумен чамец, уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Го реализиравме проектот “Да си подадеме рака“ поддржан од МЦМС. Преку кој организиравме два едукативни кампови. Земавме учество на акцијата “Чика Драги“ на извиднички одред Мија Станимировиќ во Ниш – Република Србија. Го реализиравме проектот LINK UP со поддршка на ЕУ со организирани пет кампови и скаут рафтинг регата и опфатени повеќе од 300 млади од Велес, Чашка и пошироко.
Во оваа 2023 година го прославивме и 70 роденден на нашиот одред, седумдесет години постоење на територија на Република Македонија. Во рамките на прославата организиравме Свечена академија, крводарителска акција по повод 70 години ИО Д.Влахов и 100 години скаутизам во Велес, организиравме Трибина: “Улогата на извидничкото движење во креирањето на млади лидери“ и создадовме Нови признанија на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.
И оваа година ја прославивме одредската слава “Св.Кирил и Методиј“, а на отврањето на Европската куќа во Велес имамвме и средба со Амбасадорот на ЕУ. За општива Велес со СИМ ја организиравме иницијативата “Walk&Talk” , учествуваме на ДИОН Крива Паланка 2023, но и на Боренка по повод 5 декември Светскиот ден на волонтерство во Кокино. Издадовме уште десен нови хендаути , Десет водичи (упатства) за организирање на младински активности во борбата против дискриминацијата Ги запознавме и најмладите во Чашка со организирани работилници за извидничките активности и на крај за 2023 година нашиот одред како организатор на Вардарската регата “Гемиџии“ до Советот на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес го признанието за традиционални вредности

И да не се изостави и заборави уредувањето, средувањето на извидничкит центар “Голозинци“ кои сакаме да прерасне во убав и современ центар за едукација на младите од Македонија и поширокот.

Пошумувавме, помагавме, работевме, информиравме, позитивно критикувавме… работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското .
Во годината која што доага влегуваме во осмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“. А во новата 2024 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование 6на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.

Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и општинаската администрација на Општина Чашка и Грдаоначалникот на Општина Чашка и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.

И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.

Нека ни е честита Новата 2024 година. Да живее Велес, да живее Република Македонија да живее извиднички одред “Димитар Влахов“.

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.