Извидничка рафтинг регата

Во периодот од 23 и 24.09.2023 год. (сабота – недела) се организираше извидничка рафтинг регата на релација Зелениково – Велес – Градско на реката Вардар. На оваа извидничка регата учество земаа 40 извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  од Република Северна Македонија и гости од извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија.

Оваа извидничка регата насловен како LINK UP, се реализира  во рамките на проектот   “LINK- UP!  REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“  на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект  финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на  Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).

Во рамките на извидничката регата со должина од 82 километри четириесетте извидници ја запознаа реката Вардар на потегот Таор – Зелениково- Орешани – Рајко Жинзифов – Велес – Ногаевци – Виничани – Градско. Дел од учесниците ги совладаа и вештините на веслањето и престојот во природа на вода.

Самата регата ги имаше следните цели:

– развој и промоција на сплаварењето како туристичка атракција

– развој на спортското кајакарење и пливањето

– развој на логорување и живот во природа

– економски развој на Вардарскиот регион

– промоција на македонската историја

– промоција на Вардарската долина

– промоција на заштитата на еколошката средина по текот на реката Вардар

– промовирање на здрава животна средина и создавање навики за нејзино зачувување.

– културно поврзување на општините по текот на реката Вардар

– обединување на државните и локалните институции, НВО и бизнис секторот во реализирање на целта;

– поврзување на општините од Вердарскиот плански регион во симболична врска – историска, културна и економска (трговска);

– промовирање на реката Вардар ;

При пристигнувањето во Велес беше положено свежо цвеќе од делегациите на извидниците од Велес и Ниш пред споменикот на Гемиџиите луѓето кои со сплавови ја развивале велешката трговија на релација Велес – Солун.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.