Во рамките на завршните активности од проектот “Да си подадеме рака“ на 14.7.2023 год. (петок) во Домот на НВО во Велес беше организиран завршен настан на проектот.
Во рамките на завршниот настан се разговараше на следното:
- Формирање на пет член тим од страна на ИО “Димитар Влахов” и Општината Чашка кој што ќе работи на контрола на активностите во Општина Чашка во насока на зголемување на знаењата и подигање на свеста на пошироката популација за важноста на борбата со дискриминација и бенефитите од еднаквоста за целото општество и зајакнување на довербата на граѓаните во механизмите за заштита од дискриминација во наредните 2023 – 2026 год.
- Презентација на идеите и насоки за работа со активностите кои ќе бидат вметнати во ЛАП за Општина Чашка, а истите се поднесени до Советот на општината за дополнување на ЛАП-от.