На денот на пролетта !

Стотина деца учествуваа во велосипедскиот крос со кој денеска беше означен стартот на пролетта во Велес  Децата им порачаа на Велешани да ги остават автомобилите и да ги заменат со велосипед и  со тоа да ја направат животната средина поздраво и почисто место за живеење. На дрвата во центарот на Велес беа закачени безброј желби и пораки за чиста и здрава средина.
Градоначалникот на Велес, Горан Петров, со желба за здраво поколение, на  својата порака напиша „Топилницата не е мој избор, сите сме на иста страна“. „Мојата желба е сите да бидеме заедно околу проблемот со Топилницата и да покажеме  дека Топилница не е наш избор“, рече Горан Петров и додаде дека најважно  е пораките кои денеска ги оставија граѓаните на Велес да бидат остварени и да  бидат дел од историјата.
 
Извор: www.velesnews.mk

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.