Прв едукативен камп во рамките на проектот “Да си подадеме рака“

Во период од 31.3 и 1-2 април 2023 во извидничкиот центар “Голозинци“ Општина Чашка, во рамките на проектот “Да си подадеме рака“ реализиран од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес се реализираше првиот едукативен камп.

Проектот “Да си подадеме рака“ е дел од малите грантови во програмата за антидискриминација.
Со овој проект сакаме да влијаеме на подобрување на свеста за борбата со дискриминација и промоција на еднаквост и толеранција во образованието, медиумите, маргинализираните групи на граѓани, локалната самоуправа, во руралните средини и итн.

На првиот едукативен камп започнаа да се изработуваат пакет упатсва (хендаутити) кои се се наменети за планирање и организирање на младински активности за подобрување на свеста за борбата со дискриминација и промоција на еднаквост и толеранција во образованието, медиумите, маргинализираните групи на граѓани, локалната самоуправа, во руралните средини.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.