Трибина: “Улогата на извидничкото движење во креирањето на млади лидери“

Во рамките на програмата по повод 70 години од формирањето на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на 24.3.2023 год. (петок) во медиотеката при Локалната библиотека “Гоце Делчев“ се организираше трибина на тема: Улогата на извидничкото движење во креирањето на млади лидери.

На трибината говореа и одговараа на следните прашања:
Ивица Ангеловски – Директор на ИЦО – Охрид

  • Како лидерските вештини стекнати од Извидничката организација од најраните денови, помогнале во успешно раководење со Извидничкиот центар Охрид?
  • Со кои лидерски предизвици се има соочено во текот на раководењето?

Слободан Тепавац од ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш

  • Како братски одред на ИО „Димитар Влахов“ – Велес, кои се научените лекции од заедничката соработка и овозможувањето на интернационално искуство на младите лидери?
  • Со оглед на фактот дека имаат соработка со извидниците од Велика Британија, кои се разликите и сличностите во развојот на лидерите преку извидничката организација кај нив и кај нас, во регионот?

Дарко Митрашиновиќ од ИО “22 април“ – Бања Лука

  • Кои се вашите искуства во креирањето на младите лидери преку извидничката организација?
  • Кои се највредните препораки за младите лидери што треба да ги освестат како припадници на извидничката организација?

Бојан Миклош – ИО “Димитар Влахов“ – Велес

  • Колку се важни извидничките закони за лидерите и колку се тие реално применливи во секојдневниот живот?
  • Како конкретно ИО “Димитар Влахов“ – Велес го интегрира извидничкиот метод во пракса и како гради млади лидери?

Димче Велев – поранешен Старешина на СИМ

  • Како долгогодишен извидник, кои се разликите кои се забележуваат кај младите кои поминале низ просториите на извидничките организации и оние кои не биле нивни припадници?
  • Извидничката организација важи за организација во која е нагласен диверзитетот, кои се вашите забелешки во врска со младите кои доаѓаат од пониските социјални средини?

Сашка Коцевска – ЕД “Вила Зора“ – Велес

  • Дали една организација како ИО “Димитар Влахов“, може да се пофали со иницијативност во општествената работа? По што се препознатливи како општински бренд?
  • Како низ соработката со извидниците во проектите, забележавте дека извидниците проактивно делуваат во општеството?

Оваа трибина од ваков тип е прва во Македонија каде што отворено се разговараше за лидерските вештини на извидниците во Велес и Македонија.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.