Сојузот на извидници на Македонија во две продолженија на изборното Собрание ги комплетираше своите раководни тела. Најпрво на 6 декември 2009 год. беше избран новиот старешина на СИМ, а тоа е г-нот Златко Митков и надзорниот одбор на СИМ во состав Горан Арсов од ИПО Јадран од Скопје, Ѓоко Гучески, ИПО Крсте Јон од Струга и Стеван Поповски од ИО Браќа Миладиновци Скопје кои воедно е и претседател на одборот.
Поради статутарни пречки на дел од кандидатите предложени за членови на Старешинството на СИМ, изборото беше одложен.
Поради статутарни пречки на дел од кандидатите предложени за членови на Старешинството на СИМ, изборото беше одложен.
Изборот на Старешинството на СИМ се случи на 30.1.2010 год. и тоа ке работи во следниот состав: Ненад Андреевски – ИО Димитар Влахов од Велес, Петар Атанасовски – ИО Илинден од Скопје, Феријанчо Гоговски – ИПО Крсте Јон од Струга, Живко Денсковски – ИО Скаут од Куманово, Јане Илијески, – ИПО Галеб од Скопје, Борче Лазарески – ИПО Бран од Охрид, Бобан Москов – ИО Браќа Миладиновци од Скопје, Јане Спасиќ – ИО Методи Митевски Брицо од Скопје, Огнен Стефановски -ИПО Јадран од Скопје и Зоран Шиљковски од Прв скопски извиднички одред.
Старешинствот на СИМ веке за 20 февруари закажа седница на која што ке има избор на членови во Биро на СИМ и Управен одбор на ИЦО Охрид.