По повод 65 годишнината од ослободувањето и прославата на Денот на Општина Велес, на 9-ти ноември годинава,во салата „Бели Мугри“ се одржа свечена седница на Советот на општина Велес. На седницата
присуствуваа истакнати личности од јавниот живот во Велес и Македонија, претставници на меѓународната заедница, АРМ, МПЦ и гости од збратимените градови Свиштов и Самобор. Во своето обраќање по повод празникот, Градоначалникот Горан Петров ги презентираше визиите за развој на Велес, им упати благодарност на борците од НОВ и им го честиташе празникот на

граѓаните.
На седницата, Градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот Славчо Чадиев им ги врачија деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници мегу кои беше и Јордан Бајрактаров, кои мегу нас звидниците е познат како Орце Глава. Роден е во Велес на 15 мај 1974 година и повеке од 25 години активно е вклучен во извидничката организација во Велес и Македонија. Моментално работи за Европската скаутска канцеларија. Ова е трета 9то Ноемвриска нааграда која што во последните десет години доага во редовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ кој во 1998 како одред и како нај организирана младинска организација во Велес се стекна со Плакета 9ти Ноември , потоа во 2002 со 9то ноемвриска награда се стекна Ангелче Гушев како старешина на единсвениот градски извиднички одред и оваа трета награда која ја добива Јордан Бајрактаров е доказ за квалитената работа на извидничката организација во Велес.