Извидниците од Велес – ДРЖАВНИ ПРВАЦИ

Најголемото извидничко натпреварување во Сојузот на извидници на Македонија е Републичкиот Извиднички Ориентационен Натпревар – РИОН и истиот е наменет за категоријата извидници на воздраст од 15 до 21 година. Оваа година РИОН се одржа на терените на селото Орел- Св.Николе и тоа во периодот од 9-12.10.2009 година. На ова најголемо натпреварување учествуваа сите регистрирани одреди во Сојуз на извидници на Македонија. Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, престој во природа, исхрана во природа, прва помош и сигнализација (семафор и морзе). Во рамките на ориентацијата и топографијата сите извидници на овогодинешниот РИОН ги изработуваа и мегу нас извидниците познатите графички цртежи,  како што се кроки, скица на терен, извештај, скица на помит дел од патеката, движење под азимут.

Во машка конкуренција првото место го освои патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски, Виктор Таневски и Ангелче Димков. Второто место го освои патролата на првиот скопски извиднички одред, а третото  патролата на извидничко поречанскиот одред “Галеб“ од Скопје. Во женска конкуренција најдобри беа извидничките од извидничко поречанскиот одред “Галеб од Скопје. Со ова прво место по којзнае кој пат докажавме дека извидничкото движење во Велес сеуште е на високо ниво,  и сеуште младите од Велес се обучуваат за престој во природа и живот во неа,  како една од големите придобивки од неформалното образование кое што е главна и носечка идеја во функциоонирањето на  Велешкиот градски извиднички одред. 
 
  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.