На 12.04.2022 год. (вторник) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното ИЗБОРНО годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред
Процедурален дел:
- Отварање на Собранието
- Воведен збор на старешината
- Избор на работни тела на собранието
- Работно претседателство – Ненад Андреевски и Богдан Маневски
- Верификациона комисија – Жаклина Гушева и Никола Андреевски
Се работеше по следниот
Д Н Е В Е Н Р ЕД
- Годишен извештај за работата на ИО “Димитар Влахов“ – Велес за периодот на 2021
- Финасиски извештај за работата на одредот за 2021
- Избор на Старешина на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес
- Избор на Старешиство на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес
- Статутарни промени
- Тековни проекти и активности
- Тековни прашања
По дневниор ред беше реизбран Старешина на извиднички одред “Димитрар Влахов, а тоа е м-р Ангелче Гушев, а за Старешинство на одредот : Андреевски Ненад, Влатко Влахчев, Бојан Миклош, Стефан Петровски и Благој Ѓорчевски. Додека пак за Началник на одред ќе биде Мартин Голчев.
Собранието едногласно го усвои и извештајот за работа на одредот за 2021 и финансискиот извештај за 2021 год. Воедно беше презентиран и извештајот на Надзорниот одбор.
На ова изборно собрабние беше избран и нов надзорен одбор во состав: Никола Андреевски, Владимир Ивановски и Благој Јорданов .
На Собранието беа разгледани и новите статутарни измени кои треба да се превземат во ревидирањето на стаутот. И на крајот од Собранието беа презентирани новите проектни активности на одредот.