Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и локалната канцеларија во Скопје подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше инфо-сесијата преку која се запознавме со работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). На оваа средба што се одржа на 11 ноември 2021 (четврток) во Општина Велес, учество зема старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, м-р Ангелче Гушев.
Во рамки на настанот, беа претставени целите, мисијата, активностите и тековните проекти на организацијата RYCO во кои младите од различни локални заедници можат активно да се вклучуваат. За време на настанот учесниците имаат можност и лично да го запознаат младинскиот претставник во RYCO, со кого директно можат да разговараат за потребите на младите, за можностите на младите во различните локални заедници, како и да споделат искуства од претходни младински размени и придонесот кон нивниот личен развој и кон заедницата. Исто така, ќе имате можност да се запознаете со работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и со работата на Агенцијата за млади и спорт. На средбата воведнo обраќање имаше Јасмина Тодоровска-Митева, национална програмска офицерка во Мисијата на ОБСЕ во Скопје , потоа шеф на локалната канцеларија на RYCO во Скопје Владимир Ѓорѓевски и претставниците од Агенцијата за млади и спорт.