На јужните падини на Мосор во близина на Сплит, седумдесет млади од десет Европски држави учествуваат на волонтерската еколошка акција “Зелено, те сакам зелено“. Моливите и пенкалата се заменија со копачите и мотиките и во првиот дел од проектот ке се засадат 1500 садници. И покрај лошиот каменит терен каде што се садат
автохтоните видови на црн и приморски бор.
После садењето младите волонтери се организираат во тимови кои
паралелно и ги наводнуваат,засадените садници. Главната цел на проектот е поврзување на младите од регионот преку развојот на
еколошката свест за унапредување на животната средина.
Оваа еколошка акција е настаната како резултат од еколошка акција “Боранка“.Помегу седудесете млади од десете европски држави се наоѓаат и шест извидници од Сојуз на извидници на Македонија од кои се и Благој Ѓорѓиев и Мартин Голчев од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес.