На денешен ден, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија.
Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања, нашите две извиднички единици се договорија да соработуваат и да работат на унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности. Како одреди и понатуму ги надминуваме временските,територијалните и јазични бариери и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш, нашите две држави Србија и Македонија.
Со нашите активности во овие 23 години братско живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење.