Формирање на извидничка дружина во Општина Чашка

Во рамките на проектните активности “Младите носители на промените“ на последниот едукативен камп кои се одржа во периодот од 21 до 23.8.2020 во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка се формираше и извидичката дружина и тоа од млади жители на општината. На самиот настан се одржа и прес конференција. Како завршна активност која е предвидена со проектот на истата зборуваат и двајца експерти за младински прашања Златко Ристов и Жаклина Гушева.


“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.