Scout.Boom.Comm

Второто издание на материјалот за комуникација во извидничката организација – Scout.Boom.Comm, е објавен и достапен за download. Новото издание содржи дополнети информации како и некои нови поглавја,а меѓу другото и стратегија комуникација предложена од страна на шестиот регионален форум за комуникација  одржан во периодот помеѓу   ноември 2006 и април 2008.  Овој материјал содржи и детални информации  за брендот на Светската скаутска организација. Scout.Boom.Comm  е методолошка алатка чија што основна цел е да помогне во полесно разбирање на чекорите на имплементација на стратегијата за брендирање на извидничкото движење.

Тука се преставени концептите кои се неопходни за разбирање на  идентитетот на извидништвото  и сликата која ја испраќаме на јавноста. Материјалот тежи кон објаснување на спрегата помеѓу сликата, клучната порака и извидничката пракса, но и  индивидуалното и  колективното однесување низ деталното објаснување на активностите кои мораме да ги реализираме за да се подобри интерната и  екстерната комуникација, да се зајакне соработката со јавноста и на тој начин да се зголемат интерните ресурси.  Името на материјалот е ономатопеја која нас не потсетува на извидништвото (Scouts) потребната комуникација (Comm) за да би се постигнале резултати во своето растење и  развој  (Boom). Материјалот во електронска форма на англиски јазик можете да го снимите тука .  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.