Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес реализирајќи го проектот “Младите носители на промените“, успешно ги реализираше планираните активности во рамките на проектот “Младите носители на промените“, а беше реализирано:
- анкетата и нејзината анализа и
- направен избор на 29 локални кординатори во рамките на проектот.
Гореспоменатите активности беа реализирани во 29 месни заедници во Општина Чашка и тоа во периодот март – април 2020 година.
Следејќи ги препораките и мерките на Владата на РСМ го подготвуваме и првиот камп за млади кои треба да се одржи во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка.
“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“