Во периодот од 21-23.2.2020 год. во Бања Врујци – Република Србија, се организираа осмите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора и Босна Херцеговина.
На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кој се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проекти.
Делегацијата на СИМ беше составена од 20 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје и “Крсте Јон“ од Струга. Во составот на македонската делагација од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа:
Ангелче и Жаклина Гушеви, Влатко Влахчев и Ване Сарагиновски.