Поддршка од Европската комисија

Зелената коалиција на 28.1.2009 год., доби поддршка и од Европската комисија и тоа од Генералниот директорат за заштита на животната средина. За сите случувања околу писмената поддршка, Зелената коалиција организираше ПРЕС конференција во просториите на Фондацијата “Фокус“ на 4.2.2009 год. (среда).На ПРЕС конференцијата говореа: Ангелче Гушев од ИО “Димитар Влахов“, Ненад Коциќ од ЕД “Вила Зора“ и Весна Шкортова од Фондација “Фокус“.
 
 
 
 
 

Во продолжение ви го пренесуваме писмото од Европската комисија.

 

 

Брисел, 28.1.2009 год.

ЕНВ.Е.3/ФД до Д(2009) 12723/13167

 

 

за Д-р Ненад Коциќ

    ЕД “Вила Зора“ 

    Велес

    Македонија

 

 

Предмет: Загриженост поради можните негативни еколошки влијанија од отварањето на Топилницата во Велес

Почитуван Коциќ,
Ви благодарам за е-мејлот адресиран до комесарот Димас, со кој ја изразувате вашата загриженост поради можните еколошки негативни влијанија од страна на Топилницата  која би се отворила во Велес. Како шеф на единицата одговорна за земјите членки при Генералниот директорат за екологија , г-дин Димас ме замоли да Ви одговорам во негово име. Би сакал да ве информирам дека по приемот на Вашиот е-маил, ние го покренавме вашето прашање при официјалниот состанок за екологија кој се одржа заедно со соодветни преставници од Вашата земја во Скопје на 22 јануари.

Во текот на овој состанок нас не уверија дека официјалната процедура за дозвола истовремено со вашата државна легислатива строго ќе се применува пред фабриката да започна со работа и дека сите заинтересирани страни ќе имаат можност да ги изразат своите мислења и загриженост во текот на оваа процедура. Комисијата строго ќе ја следи ситуацијата и ќе осигура дека вашите законски грижи во поглед на екологијата ќе бидат сериозно земени во предвид.

 

 

Искрено ваш
Клод Руам 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.