Велешките извидници пошумуваа на терените на езерото Младост

Во рамките на проектот на Сојуз на извидници на Македонија насловен како ИЗ(ВИДИ), извидничкиот одред “Димитар Влахов“-Велес на 16.2.2020 год. (недела) ја организираше иницијативата која што беше наречена “Да му помогнеме на езерото“.


Програмските активности на иницијативата беше, пошумување на опожарените површини на крајбрежниот дел на езерото Младост во близина на Велес. На оваа еколошка акција беа засаден 1.500 садници од багрем. На активноста учество земаа триесет извиднци членови на велешкиот одред и два волонтери на Мировниот корпус.

Ова пошумување воедно се организираше како дел од програмските активности на одредот по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 фебруари. Со оваа активност како најстара младинска организација во Велес и Македонија ја докажуваме нашата општественат одговорност за која што се залагаме сите овие изминати години.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.