Волонтер на Мировниот корпус ќе работи во велешкиот извиднички одред

На 18 и 19.11.2019 год. , Богдан Маневски член на извиднички одред
“Димитар Влахов“ од Велес зема учество на дводневната конференција организирана од страна на Мировниот корпус. Ова учество е поврзано со добивањето на волонтер кои што ќе работи во извиднички одред “Димитар Влахов“ и ОО на Црвен крст од Велес. Средбата се одржа во ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје и на самата средба се разговараше за Споредба на културите, Преглед на правилата на Мировен корпус, а воедно и имаше средба со волонтерите. Волонтерот кои ќе работи во Велес е Арон Хула кои според биографијата
која што ја има е специјализиран да работи во младински организации.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.