Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2019 год. (четврток) ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација. Овогодинешните кумови на одредска слава беа Благој Јорданов и Јордан Димов. На овогодинешната одредска слава учество земаа и преставници на нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија.
По богослужбата на преставниците на МПЦ беше одреден и кумот за идната одредска слава, а тоа е Ненад Андреев. Со почита кон сесловенските просветители на сите членови на одредот и наши сограѓани од православната вероисповест им посакуваме знаење, мудрост и љубов кон науката со што ќе им се помогне во борбата
со задачите и предизвиците кои ги носи животот. Да биде свето името на Св. Кирил и Методиј!
Честит празник на сите Македонци.