Зузана Халупова е родена во Ковачица (близу Панчево – Република Србија) во 1925 година.
Таа припаѓа на најпознатите светски наивни уметници – сликари.

Првата слика ја насликала со бои растопени во млеко. Се мажи за Адам Халупов и живеат од лозарство, земјоделство и пчеларство. Своите први уметнички слики ги изложува во 1964 година. Со својот сопруг немале деца, па во нејзините слики се појавуваат многу деца со што создала свои детски свет. Позната е како “Мајка Зузана“. Покрај мотивите со деца кај Зузана во својот уметнички опус се појавуваат теми од секојдневието и тоа: молзење крави, перење алишта, хранење на животни, окопување на пченка и секојдневни мотиви од селото. Зузана ја познавала многу и Библијата па така во нејзините дела се среќаваат мотиви од истата. Нејзините уметнички квалитети ги промовира професорот Бранислав Грубач. Нејзината филантропска идеја овозможила донација на слики за УНИЦЕФ и Црвен крст.
Имала голем број на изложби во светот како што се изложбите во Лондон, Виена, Цирих, Белград, Братислава.
Зузана почина по кратко боледување на 76 годишна возраст и беше редовен посетител на Колонијата на извидници сликари во Ковачица – Република Србија организирана од страбна на извидничкиот одред “Јаношик“ од Ковачица.. На промоцијата на објавената извидничка слика во 1999 година присуствуваа десет извидници од извидничкиот одред Димитар Влахов предводени од Ангелче Гушев кои што воедно имаше и средба со Зузана Халупова во нејзиното атеље кое што е посетено и од Франсоа Митеран и други светски политичари.